МОЖНА Е НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ МЕЃУ УКРАИНА И РУСИЈА ВО СЕПТЕМВРИ Буданов вели декa Aмериканците мора да бидат на масата

Киев сака продолжување на мировните разговори предводени од САД, по паузата во директните трилатерални средби

0

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирил Буданов денеска изјави дека е можно во септември да има средба помеѓу украинска и руска делегација, на кој би присуствувале и американски претставници.

Буданов наведе дека Украина се стреми да ги продолжи мировните разговори предводени од САД.






– Се надевам, да, и секако и на Американците. Не можеме без нив – посочи Буданов одговарајќи на прашањето дали тоа значи директни разговори меѓу украинските и руските преговарачи.

Последната рунда трилатерални разговори меѓу Украина и Русија во кои учествуваа претставници на САД се одржа во февруари. Оттогаш, украинските и руските претставници одржаа само одделни разговори со американскиот тим.

Поврзани содржини