Шестгодишно дете е тешко повредено откако во него удрил камион. Настанот се случил на 03.11.2026 попладне. Во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата 362 во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во 6-годишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.