СО 17 ГОДИНИ ПОСТАРИОТ БРЕДЛИ КУПЕР БЕШЕ ВО ВРСКА ДВЕ ГОДИНИ Суки Вотерхаус проговори за тешките раскинувања
- Не можам да поверувам дека го имам ова во животот и дека сум толку среќна. Можеби ме изненадува затоа што претходно бев во врски што траеја најмногу две години, а ако траеја толку, на крајот секогаш завршуваа катастрофално - вели пејачката зборувајќи за нејзината актуелна врска со Роберт Патинсон.
Британската актерка, пејачка и манекенка Суки Вотерхаус (34) повторно се наврати на љубовните врски од минатото, меѓу кои и онаа со холивудскиот актер Бредли Купер (51). Иако не го спомена директно неговото име, нејзините зборови за врските што завршувале по две години многумина ги поврзаа токму со нивната романса.
Двајцата беа заедно од 2013 до 2015 година, а нивната врска предизвикуваше големо внимание и поради 17-годишната разлика во возраста. Суки имаше 21 година кога започна врска со тогаш 38-годишниот Купер.
Во интервју за „Сандеј тајмс“, таа зборуваше за тоа колку е изненадена од среќата што ја нашла во сегашната врска со актерот Роберт Патинсон.
– Не можам да поверувам дека го имам ова во животот и дека сум толку среќна. Можеби ме изненадува затоа што претходно бев во врски што траеја најмногу две години, а ако траеја толку, на крајот секогаш завршуваа катастрофално – вели таа.
Се присетила и на периодот кога била помлада и во љубовните односи влегувала без да размислува за последиците, особено за оние што ги носи животот под будното око на јавноста.
– Кога си помлад, во сè влегуваш целосно слепо и не размислуваш за последиците. Не си ни свесен какви последици може да има врска што е под постојан надзор на јавноста – објаснува актерката.
По еден особено тежок раскин, Суки поминувала низ период во кој се чувствувала депресивно и изгубено. Се повлекла од јавноста и почнала да ја преиспитува и манекенската кариера, која сè повеќе ѝ претставувала товар. Излезот го нашла во музиката, претворајќи ги болните чувства во песни.
За раскинувањето со Купер подетално зборувала и во 2024 година, во интервју за британскиот „Вог“. Тогаш признала дека ѝ било исклучително тешко да се справи со ситуацијата, особено затоа што за нивната разделба се зборувало насекаде, а таа не можела јавно да ја раскаже својата страна на приказната.
– Кога ќе ти се случи нешто за кое сите зборуваат, а зад тоа стои мрачна и тешка приказна, додека ти всушност не се чувствуваш добро и не можеш да му ја објасниш на светот својата страна, се чувствуваш многу осамено и изгубено – рекла таа.
Додала дека ѝ биле потребни речиси десет години за подобро да се разбере себеси и да стигне до период од животот во кој се чувствува исполнето.
Денес Суки е во сосема поинаква животна приказна. Од 2018 година е во врска со Роберт Патинсон (40), со кого во март 2024 година доби ќерка. Парот ја чува приватноста на своето дете и досега не го открил нејзиното име.
Иако и двајцата имаат ангажмани поради кои често патуваат, Суки вели дека успеале да најдат рамнотежа во врската. Тие се свршени, но засега не брзаат со свадбата. Актерката неодамна откри дека, кога ќе одлучат да се венчаат, би сакала да организираат голема прослава.
Купер од 2023 година е во врска со манекенката Џиџи Хадид, а од претходната врска со манекенката Ирина Шајк ја има ќерката Леа.