МЕТ ДЕЈМОН СО ЌЕРКАТА ИЗАБЕЛА НА МОДНИОТ ЦРВЕН ТЕПИХ Актерот и ќерка му привлекоа внимание на доделувањето на модните награди во Њујорк

Мет Дејмон се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) во Њујорк, во придружба на својата 20-годишна ќерка Изабела.

66

Актерот Мет Дејмон се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) во Њујорк, во придружба на својата 20-годишна ќерка Изабела. Таткото и ќерката заедно позираа пред фотографите, а таа особено се истакна во бел фустан со впечатливи реси.

Изабела неодамна потпиша договор со престижната модна агенција „IMG Models“, а нејзиното појавување со славниот татко привлече дополнително внимание. Таа носеше бела плетена креација со долги реси на ракавите, додека Дејмон беше облечен во елегантен костум на „Ралф Лорен“.






На црвениот тепих тие разговарале и со новинарите на магазинот „Пипл“, а разговорот го претвориле во шега за тоа колку често си даваат совети.

– И двајцата имаме проблем да одговараме сериозно на прашањата – се пошегувал Мет, додавајќи дека си советуваат еден на друг да се обидат да одговараат посериозно.

Изабела открила дека веќе долго време му дава совети на својот татко, со што тој се согласил.

Сепак, кога станува збор за неговата ќерка, Дејмон не го крие задоволството.

– Таа е прекрасна млада жена. Не ѝ давам совети затоа што се грижам за неа, туку навистина сум возбуден да видам што ќе направи со својот живот – изјавил актерот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heart (@thisisheart)

Мет Дејмон има четири ќерки со сопругата Лусијана: Алексија (27), Изабела (20), Џија (17) и Стела (15). Алексија е ќерка на Лусијана од претходната врска, која актерот ја прифатил како своја. Семејството и претходно се појавуваше заедно на јавни настани, меѓу кои и премиерата на филмот „Одисеја“ во Лондон ова лето.

Доделувањето на модните награди CFDA се одржа на 2 ноември во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, а водителка на вечерта беше Кеке Палмер. Дејмон имаше и професионална улога на церемонијата – заедно со дизајнерот Тремејн Емори го додели признанието за најдобар американски дизајнер на машка облека на Ралф Лорен.

Поврзани содржини