ПРИРОДЕН ЕЛИКСИР Заборавената состојка на нашите предци содржи витамини од групата Б, ја чисти крвта и црниот дроб од токсини и го намалува воспалението во телото
Квасецот не се користи само за леб и печива, туку е исклучително вреден извор на минерали и витамини и во минатото се користел како лек за некои состојби
Квасецот е мала едноклеточна габа која припаѓа на групата микроорганизми. Квасецот што се користи во исхраната има слични карактеристики, а најчесто се дели на пекарски и пивски квасец. Општо земено, квасецот е исклучително вреден извор на минерали и витамини: железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк, селен, фолна киселина, тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина и витамин Б6.
Поради високата содржина на белковини и витамини од групата Б, особено фолна киселина, се употребува во исхраната во случаи кога преку храната не се внесуваат потребните количества витамини. Квасецот особено се користел како лек во средниот век, бидејќи давал добри резултати во сузбивањето на скорбутот, гонорејата, заболувањата на женските полови органи, анемијата, стресот, акните и очните заболувања. Денес, освен што се користи за производство на пиво и пекарски производи, квасецот е познат и како средство против акни и разни кожни нарушувања. Поволно влијае врз имунитетот, бидејќи ја чисти крвта и црниот дроб од токсини и ги намалува воспалителните процеси во организмот.
Во книгата „Од пазар до лице“, ароматерапевтката Мери Новосел предлага неколку рецепти чија главна состојка е квасецот.
Рецептите за крофни, мали лепчиња со кромид и рузмарин, но и за маска за лице, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.