ПУШТИЛА КУЧЕ БЕЗ НАДЗОР, ТОА КАСНАЛО ЖЕНА Кривична пријава за 35-годишна кратовчанка

Кучето, според информациите од МВР, било пуштено без надзор и без заштитна маска, по што ја каснало М.К. на улица во Кратово.

77

Жена била касната од куче на улицата Глигор Пазавански во Кратово, откако животното, според полицијата, било пуштено без надзор и без заштитна маска.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 12 октомври, а кучето ја каснало М.К.






Поради случајот, ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 35-годишна жена од Кратово, која е осомничена за кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

Поврзани содржини