📽️ ДЕТЕ ВО СОВЕТСКА УНИФОРМА ДОЈДЕ ПО СЛАТКИ КАЈ ТРАМП И МЕЛАНИЈА Со него беше девојче облечено во руска народна носија

Момчето носело маскирна униформа, ознака на тенковска единица и капа со советска воена значка, а со него било девојче во традиционален руски сарафан. Моментот беше забележан во официјалниот пренос од прославата на 29 октомври.

121

Момче облечено во униформа налик на советска воена облека се појави пред американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп на прославата на Ноќта на вештерките во Белата куќа. Детето дошло по слатки, а неговиот необичен костим, со советски воени обележја, привлече внимание во јавноста.

Момчето носело маскирна униформа, ознака на тенковска единица и воена капа со значка налик на советскиот државен грб, со срп и чекан. Со него било и девојче облечено во традиционална руска носија – сарафан со цветен дезен и украс за глава налик на кокошник.






Моментот бил забележан во официјалниот видеопренос од настанот. Кога децата застанале пред претседателскиот пар, Меланија Трамп ја допрела капата на момчето, по што Трамп и првата дама им поделиле слатки.

 

Прославата се одржала на 29 октомври на јужниот тревник на Белата куќа, како дел од традиционалното одбележување на Ноќта на вештерките, која во САД се слави на 31 октомври. На настанот биле поканети семејства на припадници на војската, полицијата, згрижувачки и посвоителски семејства, како и семејства на државни службеници.

Појавувањето на децата во руска народна носија и советска воена униформа привлече внимание поради актуелната војна во Украина и продолжувањето на руските напади врз украинските градови. Особено се издвојуваше советската воена симболика на костимот на момчето, додека Меланија Трамп без коментар му ја допре капата.

Поврзани содржини