18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична пријава за измамник од Пробиштипско

Човек останал без речиси 14.000 евра откако, според полицијата, бил доведен во заблуда и извршил серија парични трансфери кон приматели во Индонезија, Турција, САД и во Индија.

114

Осумнаесет уплати во четири држави и штета од 860.000 денари стојат зад необичен случај на измама за кој СВР Штип поднесе кривична пријава против лице од пробиштипското село Злетово.

Според полицискиот билтен, осомничениот М.Д. со лажно прикажување факти довел во заблуда едно лице, кое во период од речиси 17 месеци испраќало пари на приматели во странство.






„Во периодот од 20.08.2024 до 15.01.2026, пријавениот лажно прикажал факти пред едно лице и на тој начин го довел до заблуда“, се наведува во соопштението на МВР.

Според МВР, станува збор за 18 уплати кон лица во Индонезија, Турција, САД и Индија, извршени преку брз трансфер на пари.

Поврзани содржини