МИЦКОСКИ ПОДДРЖУВА ОТВОРАЊЕ РУДНИК ЗА АНТИМОН КАЈ КРИВА ПАЛАНКА На иста линија е и градоначалникот кој е од СДСМ

Во однос на рудникот Казандол, Мицкоски нагласи дека арбитражниот спор произлегол од одлуките на претходната влада за раскинување на договорот, но актуелната Влада го добила спорот, без финансиски последици за државата.

41

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања истакна дека го поддржува отворањето рудник за антимон во селото Луке, Крива Паланка, посочувајќи дека ист став има и градоначалникот на општината од редовите на СДСМ.

– За рудникот на антимон во Крива Паланка во местото Луке, да, сум за, исто како што сум јас, е и вашиот градоначалник, потполно исто. Градоначалник, еден од ретките на СДСМ градоначалници кои во моментот ги има. Но, и тој изгледа има поинаков став од ова раководство на партијата и од вас лично, и тој застана во насока на поддршка на тој рудник за антимон во местото Луке на Крстов Дол во Паланечко. Да сум, еве поконкретно не можам да ви одговорам од ова – рече Мицскоски.






Во однос на рудникот Казандол, Мицкоски нагласи дека арбитражниот спор произлегол од одлуките на претходната влада за раскинување на договорот, но како што нагласи, актуелната Влада го добила спорот, а украинската компанија што ја покренала арбитражата треба да ги покрие трошоците за постапката, без финансиски последици за државата.

– Сега доаѓаме до Штука и Иловица. Проектот почнат од влада која што ја предводел предлог на СДСМ Владо Бучковски, од тогаш е овој проект почнат. Доаѓаме повторно сега до следна влада, а тоа е владата на СДСМ и ДУИ, кога на владина седница министерството за економија тогашно, носи одлука за спојување на двете концесиски подрачја кои што се наоѓаат во областа помеѓу Штука и Иловица. За да потоа неколкумина од вашата тогашна влада се прават дека не биле присутни на таа владина седница, не се од тука, не знаеле каде се наоѓаат, и викаат, ние не знаеме ова како дојде. А гласале, има стенограми, и да недела дена потоа донесат одлука за поништување на претходната одлука со која се поврзуваат двете концесиски подрачја. И потоа истите овие концесионери почнуваат судски процес пред Управниот суд односно сега ние добиваме одлука од Вишиот Управен суд која што вели дека ја поништува вашата втора одлука, односно одлуката со која се поништува првата одлука за спојување на концесиските подрачја и ја става во важност одлуката со која се спојуваат концесиските подрачја. За да тие подрачја се спојат потребно е анекс на договорот, а анексот на договорот не е регулиран со законот – рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека Владата нема да презема дејствија спротивни на интересите на граѓаните.

– И оваа влада, запомнете, нема никогаш ништо да направи што е спротивно на интересите на граѓаните. Јас не ја распродавам, јас само го враќам тоа што вие го распродадовте. Име, територија за марихуана, плантажи, француски предлози, се откажавме од македонскиот род, тоа јас го враќам – заклучи премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини