ЧЕТВОРИЦАТА УАПСЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БИЛЕ СНИМЕНИ СО КАМЕРА Во полиција ги признале делата

Телма дознава дека осомничените биле снимени на видео камера на една од соседните куќи. Соседите велат дека истиот ден бил направен обид за грабеж и во куќа на соседната улица, во која не живеел никој.

1,312

Уапсените во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во Ѓорче Петров во Скопје, при распитот во полициска станица ги признале делата, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од истргата.

Телевизијата објави дека во едниот напад учествувале двајца, а во вториот тројца. Четвртиот уапсен бил возачот кој ги превезувал, кој се бранел дека не знае што планирале и правеле неговите патници. Во автомобилот на осомничениот возач се најдени траги поврзани со разбојништвата, односно јакна и други предмети, а во домовите на жртвите се најдени и ДНК траги кои се поврзуваат со уапсените.






„СВР Скопје во текот на 27.10.2026 лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела ‘разбојништво’ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026“, соопшти МВР.

На 22 октомври 62-годишник бил пронајден мртов во неговиот дом со знаци на насилство. Според соседите, тој бил социјален случај и бил тешко подвижен. Телма дознава дека осомничените биле снимени на видео камера на една од соседните куќи. Соседите велат дека истиот ден бил направен обид за грабеж и во куќа на соседната улица, во која не живеел никој.

На 27 октомври, 76-годишна жена била пронајдена од нејзината ќерка без знаци на живот со видливи траги на насилство. Од неа, според соседите, бил одземен накитот што го носела. Соседите за Телма изјавиле дека по овие насилни настани се исплашени за својата безбедност.

Уапсените имале и други кривични дела, односно тешки кражби. Од обвинителството потврдиле дека за лицата е побаран краткотраен притвор.

Поврзани содржини