СКАНДАЛОЗНО НАВИВАЊЕ НА ТОРЦИДА ВО СПЛИТ Викаа „Аушвиц“ и „стани Адолфе“, пееја против Евреите

По неколкудневните инциденти и немирите синоќа на Рива, хрватската полиција денеска во Сплит распореди дополнителни сили и најави зголемени безбедносни мерки пред пред фудбалскиот натпревар помеѓу Хајдук и Ајакс.

185

Сплит од синоќа е под опсада од полицијата пред вечервашниот фудбалски натпревар помеѓу Хајдук и Ајакс во Конференциската лига на УЕФА, што ќе се одигра на стадионот „Пољуд“.

По неколкудневните инциденти и немирите синоќа на Рива, хрватската полиција денеска распореди дополнителни сили и најави зголемени безбедносни мерки. Денеска во градот се очекуваа околу 1.900 холандски навивачи и неколку илјади навивачи на Хајдук.






Хрватските медиуми јавуваат за скандалозно навивање на припадниците на Торцида кои во колона се движеа кон стадионот, со извици „Аушвиц, Аушвиц“, „стани Адолфе“, газете, згазете, згазете ги Евреите“ и „ајде, ајде, усташи“, а потоа пееја и песна против Евреите.

На чело на конвојот возеше автомобил, а врз него сино обоен мртовечки ковег, на кој пишуваше „Ајакс“.

Сериозниот инцидент се случи и синоќа околу 23:30 часот, кога околу 500 навивачи – приближно 200 холандски и 300 локални се собраа на Рива. На местото на настанот имаше околу стотина полицајци, на кои наскоро им се придружија уште толку, кои спречија поголем судир меѓу двете навивачки групи.

„Синоќа, 14 октомври 2026 година, половина час пред полноќ, имаше обид за судир меѓу стотици навивачи од двете навивачки групи во центарот на градот. Полициските службеници употребија принудни средства за да го спречат конфликтот, по што демонстрантите се разотидоа. Редот и законот беа воспоставени по 15 минути. Немаше повредени лица, а 57 лица беа приведени“, соопшти Сплитско-далмацискиот полициски оддел.

Поврзани содржини