📽️ ВУЧИЌ ЛЕТА СО „ШКОДА“, ВО ПОЗАДИНА ЕЧИ ПОЗНАТА ПЕСНА „Се гледаме во Зајечар“

Александар Вучиќ објави видео направено со вештачка интелигенција во кое неговата „шкода“ лета низ облаците со песната „Хеликоптер“. Неколку дена претходно глумеше негувател на постар човек, во сценарио што потсетува на предизборна реклама на Бенјамин Нетанјаху од 2015 година.

276

Доскорешниот српки претседател Александар Вучиќ во ново предизборно видео лета низ облаците со „шкода“, додека во позадина одекнува хитот „Хеликоптер“ на босанскиот пејач Фазлија.

Најновото видео Вучиќ го објави на Инстаграм на 13 октомври. Снимката е направена со помош на вештачка интелигенција, а автомобилот буквално полетува кон небото.






„Се гледаме во Заечар“, напиша Вучиќ покрај видеото, најавувајќи го следниот предизборен митинг.

 

Летечката „шкода“ е неговиот одговор на приказните што претходно се проширија на социјалните мрежи.

Имено, се тврдеше дека Вучиќ пристигнал со хеликоптер на предизборен митинг во Крагуевац. Тој го негираше тоа, уверувајќи дека низ Србија патува со автомобил. Потоа реши да ја исмее приказната, претворајќи ја својата „шкода“ во летало.

Претходно дури најави дека ќе им се обрати на следбениците од својот „хеликоптер“, како што иронично го нарече автомобилот.

Но летечката „шкода“ не е единственото необично видео во кампањата.

На 10 октомври Вучиќ објави снимка во која брачен пар ја отвора вратата од станот и го пречекува како неочекуван гостин. Парот се подготвува за патување и бара некој што ќе се грижи за постар член на семејството.

Наместо професионален негувател, на вратата се појавува Вучиќ.

Сценариото потсети на реклама што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја објави на 31 јануари 2015 година. Рекламата истата година добила и престижна награда.

Вучиќ, кој според Индекс поднел оставка од претседателската функција кон крајот на септември, ја предводи листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и е кандидат за премиер.

Поврзани содржини