📽️ БУГАРИЈА ВЕЌЕ НЕ ТРАГА ПО ЕКИПАЖОТ НА ПОТОНАТИОТ БРОД Софија не знае кој нападнал, Зеленски ја обвинува Русија
Нема трага од морнарите од „Алфа Ватан“, кој потона по нападот на околу 130 километри од бугарскиот брег. Зеленски тврди дека заедничките контакти со бугарската морнарица покажале оти станува збор за руски напад, додека бугарските власти велат дека без остатоци од дроновите не можат да утврдат кој стои зад него.
Бугарија ја прекина потрагата по исчезнатиот екипаж на товарниот брод „Алфа Ватан“, кој потона по нападот во Црното Море. Спасувачите пронашле чамец, 3 празни сплавови и делови од бродската опрема, но од морнарите нема трага.
Истовремено, останува отворено најважното прашање — кој ги нападна двата цивилни брода во бугарската ексклузивна економска зона? Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посочи Русија, додека бугарските власти велат дека засега немаат докази со кои би можеле да утврдат од каде дошле дроновите.
Вицеадмиралот Румен Николов од бугарската Поморска управа изјави дека операцијата за пребарување и спасување нема да продолжи.
– Нема траги од морнарите од првиот брод, ниту пак ќе ги има. Исто така, нема информации за остатоци од дроновите – изјави Николов за Нова ТВ.
Toj додава дека се пронајдени еден чамец, 3 сплавови за спасување и делови од бродската опрема.
Нападот се случи рано во вторникот, на околу 70 наутички милји источно од Бјала, односно приближно 130 километри од бугарскиот брег.
Погодени беа „Алфа Ватан“, кој пловел под знамето на Того, и „Абл“, под знамето на Палау. „Алфа Ватан“ претрпел тешки оштетувања и потонал, додека „Абл“ се запалил.
Сите 18 членови на екипажот на „Абл“ успеале да го напуштат бродот и биле спасени од бугарскиот брод „Диоскурија“. Двајца морнари биле тешко повредени.
URGENTE
Dos navíos son golpeados por drones en el mar Negro
Dos buques comerciales fueron alcanzados por drones en la zona exclusiva búlgara del Mar Negro, uno de los cuales se hundió, según los servicios de salvamento marítimo de Bulgaria.
Las autoridades rumanas confirmaron la muerte de dos tripulantes y el rescate de 11 personas, mientras que varios marineros resultaron heridos durante la emergencia.
— Alerta Noticias UKR 24 (@UKR_token) October 6, 2026
Зеленски го впери прстот кон Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изнесе многу покатегорична верзија за потеклото на нападот. Тој тврди дека украинската морнарица стапила во контакт со бугарските колеги и дека било утврдено оти станува збор за комбиниран руски напад со поморски и со воздушни дронови.
– Едниот брод беше потонат, додека другиот претрпе значителна штета. Ова е продолжение на стратегијата за ескалација на Русија – рече Зеленски.
Тој тврди дека украинските сили не изведувале операции во тој дел од Црното Море и ја обвини Москва дека се обидува да ја загрози цивилната пловидба во западниот дел од морето.
Но, бугарската страна засега не ја потврдува неговата верзија.
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави дека не може со 100% сигурност да се каже дали дроновите биле руски или украински. За таков заклучок, според него, треба да бидат пронајдени остатоци или една од страните да ја преземе одговорноста.
Стојанов, сепак, оценува дека не станувало збор за несреќен случај, туку за целен напад во кој најверојатно биле употребени и поморски дронови.
Ударот не бил во територијалните води
Бугарските власти нагласуваат и важна географска разлика. Нападот не се случил во бугарските територијални води, туку во ексклузивната економска зона на земјата.
Николов објасни дека местото е во бугарската зона на одговорност за пребарување и спасување. Територијалните води на Бугарија се протегаат до 12 наутички милји од брегот.
Неизвесноста ја зголемува и сведочењето на еден од спасените турски морнари од „Абл“. Тој тврди дека експлозијата не дошла од воздух, туку од под површината на морето и изрази сомневање дека зад нападот стои Русија. Неговото тврдење не е официјално потврдено.
Бугарскиот претседател Румен Радев, исто така, изјави дека засега не е утврдено дали дроновите дошле од Русија или од Украина.
По нападот, Радев најави дека Бугарија ќе ја одобри набавката на уште 5 ракетни системи за противвоздушна одбрана.