НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ИСКЛУЧИТЕ ДАТА-ЦЕНТРИТЕ Трамп смета дека тие би се преселиле во Кина

американскиот претседател смета дека капацитетите, кои ја обезбедуваат компјутерската моќ потребна за развој и управување со системите за вештачка интелигенција, кои ги нарече „суперинтелигенција“, би биле вредна инвестиција во Охајо.

9

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа развојот на дата центрите, наведувајќи дека тие се неопходни за глобалната трка кога станува збор за вештачката интелигенција. Toj предупреди дека блокирањето на технолошките проекти ќе ѝ даде предност на Кина.

-Толку многу пари можат да се заработат за Охајо. Не можете едноставно да ги исклучите. Тие ќе одат во Кина-, рече Трамп на предизборен собир во Вандалија, во американската држава Охајо, каде дата центрите се „жешка тема“ меѓу кандидатите за Сенат во земјата, пренесува „Хил“ (The Hill“).






Трамп рече дека капацитетите, кои ја обезбедуваат компјутерската моќ потребна за развој и управување со системите за вештачка интелигенција, кои ги нарече „суперинтелигенција“, би биле вредна инвестиција во Охајо.

Тој, исто така, вети дека неговата администрација работи на тоа да обезбеди центрите за податоци „да им користат на локалните заедници“.

Спротивставувањето на новите центри за податоци расте низ САД, при што жителите и пратениците изразуваат загриженост дека нивните огромни потреби за електрична енергија и вода би можеле да ги зголемат сметките за комунални услуги за потрошувачите, што се појавува како болна точка за републиканците пред среднорочните избори во ноември.

Поврзани содржини