ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами е уверен дека ќе бидат победници во албанскиот блок

0

Градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на партијата Вреди, Биљал Касами, денеска рече дека Вреди не сака да има предвремени избори, но дека се подготвени за нив ако се случат.

– За предвремени избори ние како „Вреди“ сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт, сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така што ние не бараме предвремени избори – истакна Касами.






Тој изрази уверување дека „Вреди“ би извојувала победа на избори.

– Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак „Вреди“ ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така што наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори сме подготвени и сме убедени дека ќе бидеме апсолутни победници – посочи Касами на брифинг во Општина Тетово.

Поврзани содржини