„35-КА“ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ТРГНУВА ДО РАДИШАНИ Новата траса директно ќе ги поврзе Бутел и Аеродром

Барањето на жителите на Бутел е прифатено, а процедурата за продолжување на линијата е завршена. Новиот возен ред треба да биде објавен деновиве, по што „35“ пробно ќе вози до последната станица на линијата „57“ во Радишани.

155

Автобусот „35“ за неколку дена ќе добие подолга траса и нова последна станица. Линијата ќе биде продолжена до Радишани, со што Бутел преку јавниот превоз ќе добие директна врска со Аеродром.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека процедурата е завршена по договор со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈСП.






„Деновиве ќе го презентираме новиот возен ред, а за неколку дена ќе биде пуштена пробна линија која ќе сообраќа до последната станица на линијата 57 во Радишани“, напиша Костоски.

Продолжувањето засега ќе се тестира. Костовски очекува интересот на патниците да биде доволно голем за новата траса да стане трајно решение.

„Процедурата за продолжување на автобуската линија 35-ка е завршена. Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и директорот на ЈСП постигнавме договор за нејзино продолжување до Радишани.“

Со новата траса, жителите на Бутел и Радишани ќе добијат директна автобуска линија кон Општина Аеродром.

Поврзани содржини