ТРАГЕДИЈА КАЈ АГИНО СЕЛО, ДВАЈЦА ЗАГИНАА ВО НЕСРЕЌА Возач на „мерцедес“ е приведен, тројца се повредени

Тешката несреќа се случила синоќа кај Агино Село, каде што се судриле „мерцедес“ и „опел корса“. Двајца сопатници од „опелот“ починале на местото, а една од повредените е во тешка состојба.

240

Двајца загинати, тројца повредени и еден приведен возач е билансот од тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Скопје.

Судирот бил пријавен околу 21.35 часот кај Агино Село, во насока кон Скопје. Според СВР Куманово, во несреќата учествувале „мерцедес“, управуван од 65-годишен скопјанец, и „опел корса“, зад чиј волан бил 27-годишник од Скопје.






„На местото на настанот починале сопатниците од возилото ‘опел корса’ В.Н. (49) и Л.М. (71) од Скопје.“

Уште три лица од „опел корсата“ биле повредени. Најтешко поминала 48-годишна сопатничка, додека 28-годишен сопатник и 27-годишниот возач се здобиле со телесни повреди.

„Л.Н. (48), сопатничка од возилото ‘опел корса’, се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот Б.Н. (28) и С.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти полицијата.

Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител бил лишен од слобода 65-годишниот возач на „мерцедесот“.

По целосното документирање на случајот, полицијата најавува соодветна пријава против него.

Поврзани содржини