🎥 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ПРВИТЕ ЧАСОВИ ОД ОКТОБЕРФЕСТ На фестивалот во Минхен се очекуваат 6 милиони луѓе

Првиот повик до службите за итни случаи дошол само 9 минути откако биле отворени влезовите на фестивалскиот простор во 9 часот наутро од посетителите кои добиле рани и други полесни повреди предизвикани од падови за време на традиционалното утринско трчање до шаторите.

235

Околу 50 луѓе побарале медицинска помош во текот на првите неколку часа од овогодинешниот Октоберфест во Минхен.

Меѓу пациентите имало неколку лица со посекотини на главите и со повреди на лицата, а лекарите интервенирале и поради конвулзивен напад, соопшти Службата за брза помош.






Првиот повик до службите за итни случаи дошол само 9 минути откако биле отворени влезовите на фестивалскиот простор во 9 часот наутро. Медицинските екипи прво им помогнале на лицето кое имало напад и на посетителите кои добиле рани и други полесни повреди предизвикани од падови за време на традиционалното утринско трчање до шаторите.

Околу 20 минути по официјалното отворање на Октоберфест напладне, лекарите интервенирале поради кардиоваскуларни проблеми кај 50-годишен Германец, кој бил пренесен во болница.

Првиот случај поврзан со алкохол е регистриран во 15:45 часот. Деветнаесетгодишникот од Минхен повеќе не можел да стои, па неговите пријатели побарале помош. Лекарите ги провериле неговите витални функции и му дале инфузија.

На првиот ден од Октоберфест, биле распоредени 150 членови на медицински тимови, вклучувајќи десет лекари. Во текот на целиот фестивал, околу 430 вработени и 36 лекари ќе се грижат за посетителите.

Овогодинешниот 191-ви Октоберфест го отвори новиот градоначалник на Минхен, Доминик Краузе.

Фестивалот на пивото трае до 4 октомври, а се очекуваат повеќе од 6 милиони посетители.

Поврзани содржини