🎥 НЕУСПЕШНИ КИБЕР НАПАДИ НА СИСТЕМОТ ЗА ГЛАСАЊЕ ВО МОСКВА Путин гласаше онлајн на парламентарните избори

Изборите се сметаат за референдум за тоа дали да се продолжи инвазијата врз Украина, а рускиот претседател Владимир Путин ги нарече „заеднички придонес кон победата на Русија против Украина“.

189

Системот за гласање преку интернет во руската престолнина Москва во текот на ноќта се соочи со кибернапад  но ситуацијата е под контрола, изјави денеска шефицата на Централната изборна комисија на Русија, каде се одржуваат парламентарни избори.

– Нападите сè уште се во тек, но ниту еден не беше успешен – рече Ела Памфилова, пренесоа рускитте медиуми.






Парламентарните избори се одржуваат во Русија од петок до недела. Се очекува дека гласање ќе ѝ донесе победа на владејачката партија Единствена Русија.

Изборите се сметаат за референдум за тоа дали да се продолжи со инвазијата врз Украина, која сега е во својата петта година.

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече изборите „заеднички придонес кон победата на Русија против Украина“.

Единствена Русија, која е на власт повеќе од 20 години, очекува двотретинско мнозинство и покрај тешката економска криза, воениот замор и јавното незадоволство. Меѓу кандидатите на партијата се десетици воени ветерани.

Заедно со изборите за Државната дума, во осум региони се избираат и претставници на регионалните парламенти.

Кремљ вчера објави видео од онлајн гласањето на претседателот Путин, кој се заблагодари откако на екранот се појави потврдата дека успешно гласал.

Ова се првите парламентарни избори во Русија од почетокот на војната со Украина во 2022 година.

Повеќе од 111 милиони гласачи имаат право на глас, а овозможено е и електронско гласање.

Поврзани содржини