ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е саниран, нема штети

Испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна, соопшти полицијата.

0

Охридската полиција информира дека вчера истекол плин од цистерна на бензинска станица меѓу Охрид и Струга.

„На 18.9.2026 година во 8:46 часот во СВР Охрид е пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што настанало истекување на плинот. По налог на јавен обвинител увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Констатирано е дека испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна“, соопшти полицијата.






По интервенција на овластен сервисер, безбедно бил извршено поставување на нов сет опрема, се додава во соопштението.

Поврзани содржини