ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ШТО ЗАПАЛИЈА КАБЛИ НА ДЕПОНИЈАТА БУКОВО Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Тројцата соизвршители на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата Буково. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот, соопшти Обвинителството од Охрид.

66

Охридското обвинителство отвори истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид.

„Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата Буково. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот“, соопшти Обвинителството.






Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред сè имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, се додава во соопштението..

Охридската полиција вчера информираше дека ги уапсила Ф.А.(27) од Кавадарци, Е.И.(31) од Штип и Е.Н.(38) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли. Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли и друг материјал.

Поврзани содржини