67-ГОДИШЕН ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА ПО ПАД ОД МОТОР Сообраќајна несреќа во Охрид

И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со изгубил контрола и паднал на коловозот, а од здобиените повреди починал на местото на несреќата, соопшти охридската полиција.

77

Маж од Охрид загина откако паднал од мопед, соопшти охридската полиција.

„На 17.9.2026 година околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата 15. Корпус во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопшти полицијата.






Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, се додава во соопштението.

Поврзани содржини