ИMA ФЕТИШ НА ПОИСКУСНИ? Запознајте ја бринетата која го заведе 31 година постариот славен пејач
Нивната врска од самиот почеток ја следи голема разлика во годините, а нивната љубовна приказна набрзо кулминираше со брак и создавање семејство. Еве ги деталите за парагвајската убавица, нејзиниот пат до светската слава, љубовното минато и односот со славниот латиноамерикански пејач Марк Антониј.
По повод 58. роденден на музичарот Марк Ентони, носиме приказна за неговата атрактивна сопруга Надја Фереира (27), поранешна Мис Универзум Парагвај, која со својот изглед, кариера и љубовен живот привлече големо внимание во јавноста. Нивната врска од самиот почеток ја следи голема разлика во годините, а нивната љубовна приказна набрзо кулминираше со брак и создавање семејство. Еве ги деталите за заносната бринета, нејзиниот пат до светската слава, љубовното минато и односот со славниот латиноамерикански пејач.
Најмногу внимание привлече токму нејзината љубовна приказна со Марк Ентони. Кога на почетокот на 2022 година ја потврдија врската, јавноста веднаш ја забележа разликата од 31 година меѓу нив. Надја тогаш имаше 22 години, додека славниот пејач имаше 53, а нивната романса предизвика бројни коментари. Сепак, парот брзо покажа дека реакциите на јавноста не ги интересираат премногу.
Нивната врска напредуваше со неверојатна брзина. Откако во март 2022 година официјално ја потврдија врската на Инстаграм, веќе во мај истата година беше објавено дека се свршиле. Во јануари 2023 година следуваше раскошна свадба во Мајами, на која се собраа бројни познати личности, меѓу нив Дејвид и Викторија Бекам, Селма Хајек и Луис Фонси.
Само неколку недели по свадбата стигна уште една голема вест – Надја и Марк објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете. Нивниот син Марко е роден во јуни 2023 година, а три години подоцна семејството дополнително се прошири. Во јули 2026 година ја добија ќерката Мајла, со што Марк Ентони стана татко на осум деца.
Но, пред Марк Ентони, Надја веќе имала бурен љубовен живот. Од крајот на 2018 до почетокот на 2020 година била во врска со парагвајскиот претприемач Омар Касторино Монтанаро, внук на некогашниот парагвајски министер за внатрешни работи Сабино Аугусто Монтанаро.
И таа врска привлекувала внимание во парагвајските медиуми, меѓу другото и поради неговата семејна поврзаност со некогашниот политички естаблишмент во земјата.
Сепак, токму Марк Ентони го претвори нејзиниот приватен живот во светска тема. Покрај разликата во годините, внимание привлече и фактот што Надја стана четврта сопруга на славниот пејач.
Ентони зад себе има бракови со Дајанара Торес, Џенифер Лопез и Шенон Де Лима, а од претходните врски има шест деца. Така, Надја на многу млада возраст стана дел од големо и сложено семејство.