📽️ СИНОТ НА ХАЈДИ КЛУМ ДОБИ ФЕРАРИ ОД ОЧУВОТ ЗА 21. РОДЕНДЕН Том Каулиц пред седум години му ветил автомобил ако го победи во видео-игра
Синот на Хајди Клум доби „Ферари Ф430“ за 21. роденден, а автомобилот му го купил Том Каулиц, кој му го ветил уште кога Хенри имал 14 години.
Синот на Хајди Клум, Хенри, за својот 21. роденден доби подарок кој го чекал цели седум години – црвен „Ферари Ф430“. Aвтомобилот не му го купила неговата мајка, туку нејзиниот сопруг Том Каулиц, кој со години го чувал ветувањето што му го дал на Хенри.
Хајди го сними моментот кога Хенри излегува од куќата со Каулиц и за првпат го здогледува автомобилот со голема панделка паркиран пред домот.
– Не можам да поверувам дека дојде тој момент. Толку години го чекаше – му вели Хајди, додека 21-годишникот останува без зборови.
– О, Боже! Исусе Христе! Не знам ни што да кажам – вели тој.
View this post on Instagram
Зад скапиот подарок стои необична приказна. Кога Хенри имал 14 години, тој и Каулиц се обложиле додека играле „Марио Карт“. Ако Хенри победел, Том требало да му подари „Ферари“ за неговиот 21. роденден. Ако изгубел, Хенри требало три месеци да се откаже од видеоигрите и да нацрта слика на Том како вози автомобил. Хенри очигледно ја добил играта, а ветувањето е исполнето.
Каулиц откри дека автомобилот го купил уште минатата година на саем за автомобили, а потоа го скрил во гаражата за Хенри да не го види. Други извори наведуваат дека станува збор за набавка на аукција и дека автомобилот бил платен околу 152.000 долари. Каулиц дури се пошегувал дека, ако веќе морал да купи „Ферари“, можел да го вози една година пред да му го предаде.
Хенри е син на Хајди Клум и нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Сил.
Каулиц е во брак со Хајди од 2019 година.