📽️ ХАНКА ПАЛДУМ СИ ДОБИ ХАНКИЦА Рачно изработената кукла е инспирирана од изгледот на пејачката на Сараевскиот филмски фестивал
По Лепа Брена и Тајчи, уште една голема регионална музичка ѕвезда е овековечена во форма на кукла, и тоа според нејзиното издание кое неодамна привлече големо внимание.
Ханка Палдум доби сосема необичен подарок – рачно изработена кукла со нејзиниот лик, наречена „Ханкица“. Минијатурната верзија на пејачката е направена според нејзиното неодамнешно фестивалско издание, кое привлече внимание на црвениот тепих.
Креаторите на куклата ги пренеле деталите од стајлингот што Палдум го носеше на 32. Сараевски филмски фестивал. На четвртата фестивалска вечер таа се појави во црно-бела комбинација – широки бели панталони, црно сако и долга бела наметка.
Токму наметката беше еден од највпечатливите детали. На неговата задна страна имаше карта на Палестина исполнета со црно-бел дезен карактеристичен за кефијата, а истиот мотив е пренесен и на минијатурната верзија.
Ханкица има облека инспирирана од фестивалскиот стајлинг на пејачката, а изработена ѝ е и мала бела наметка со мотив на Палестина.
Од брендот „Пепетушка“ кој стои зад куклата порачаа дека токму оваа изработка им била една од најпосебните бидејќи, освен ликот и модното издание на Ханка, ја зачувува и пораката што пејачката сакала да ја испрати со своето појавување на црвениот тепих.
View this post on Instagram
Изработката на „Ханкица“ не била едноставна, а особено сложен дел било пренесувањето на деталите од облеката во минијатурна форма. Куклата ја воодушеви и самата Ханка.
– Ви благодарам за изненадувањето кое не е само подарок, туку спомен кој ќе остане. Успеавте една мала кукличка да ја претворите во нешто толку посебно и лично – порача пејачката.
View this post on Instagram
Со ова, Ханка им се придружи на познатите регионални пејачки чии ликови послужиле како инспирација за кукла. Меѓу најпознатите примери секако е Лепа Брена, чија кукла на југословенскиот пазар се појави во 1990 година. Таа беше направена според ликот на пејачката, а облеката беше инспирирана од костимот на Брена од спотот „Хајде да се волимо“. Еден примерок денес се наоѓа и во збирката на Музејот на Југославија.
Своја кукла своевремено доби и Татјана Матејаш Тајчи, а сега меѓу пејачките кои имаат своја мала верзија е и Ханка – односно „Ханкица“.