СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТ СКОПЈАНЕЦ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО На брегот му ги нашле неговите алишта, мобилен и гумен чамец

Езерската полиција, нуркачи, како и планинари-спасувачи пребаруваат и во езерските води и на копно со цел да го пронајдат 32-годишниот Б.С.

87

На 14.09.2026 година во 18.10 часот во СВР Охрид, З.С. од Скопје, пријави дека неговиот син Б.С.(32) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.

Веднаш по добивањето на пријавата, полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид”, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот.






Поврзани содржини