УАПСЕНИ КРАДЦИ ОД КОЧАНИ, ХАРАЛЕ ВО СТАНОВИ И ДУЌАНИ НИЗ ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА Извршиле 7 тешки кражби во 5 градови

В.З.(26) и Д.С.(43) се сомничат дека во текот на август и септември извршиле повеќе кривични дела ма подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип.

81

Полицијата расчисти серија тешки кражби во 5 градови во Источна Македонија, уапсени се  две лица од Кочани.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишија од слобода В.З.(26) и Д.С.(43), двајцата од Кочани, поради сомнение за извршени повеќе кривични дела. Двајцата се сомничат дека во текот на август и септември оваа година на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип извршиле повеќе кривични дела, од кои 7 тешки кражби во станбени и деловни објекти, 3 тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и во патнички возила и едно спречување на докажување, извршено од В.З.“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Со судска наредба се извршени претреси во нивните домови, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани содржини