УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ МОЖЕ ДА СЕ СМЕСТИ ВО ЗГРАДАТА НА ССМ Оттаму ќе ја чека изградбата на кампусот вреден 42 милиони евра

Вицепремиерот Беким Сали и ректорот проф. д-р Беким Фетаји, ја разгледаа можноста за користење на просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија за потребите на универзитетот, како привремено решение.

436

Зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија може да биде времено решение за недостигот од простор на Универзитетот „Мајка Тереза“, за кој ќе се гради нов кампус.

„ВЛЕН преземаат конкретни чекори за решавање на потребата од дополнителни просторни капацитети на универзитетот, во услови кога бројот на студенти на универзитетот е во пораст. Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, заедно со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Беким Фетаји, ја разгледаа можноста за користење на просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија за потребите на универзитетот. Со ова привремено решение ќе се овозможи непречено одвивање на наставниот процес до завршувањето на новиот универзитетски кампус“, соопшти ВЛЕН.






Сепак, ова е само преодно решение, додава партијата.

„Трајното решение е новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза”, инвестиција вредна околу 42 милиони евра, за чија изградба веќе е поставен камен-темелник. Новиот кампус ќе му обезбеди на универзитетот современи простории и соодветни капацитети за студентите и академскиот кадар, како и за наставата и научноистражувачката работа. ВЛЕН го гледа зголемувањето на бројот на студенти како можност за понатамошен развој на универзитетот, а не како пречка. Потребните просторни капацитети се обезбедуваат сега, додека кампусот од 42 милиони евра ќе го реши ова прашање на долг рок“, се вели во соопштнието на ВЛЕН.

 

Поврзани содржини