ТРАМП ГО НАРЕЧЕ ИРАН ПРОПАДНАТА НАЦИЈА „Очајно сакаат договор, јас ќе одлучам дали САД ќе се вклучат“

Американскиот претседател порача дека Вашингтон е отворен за преговори со Техеран, но конечната одлука дали ќе има нов процес ја остави во свои раце.

83

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Иран „пропадната нација“ и порача дека Техеран брзо и очајно сака договор со САД, но дека тој ќе одлучи дали Вашингтон ќе се вклучи во нови преговори.

„Пропаднатата нација Иран сака да постигне договор, брзо и очајно“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.






Тој во истата објава остави отворена можност за разговори меѓу двете земји.

„Јас ќе одлучам дали САД ќе се вклучат и ние сме отворени за таа идеја“, напиша американскиот претседател.

Пораката доаѓа по повеќемесечни воени тензии. Според агенцијата Анадолу, САД и Израел во февруари почнале напади врз Иран, по што Техеран возвратил со напади врз Израел и американски воени цели во регионот.

Вашингтон и Техеран во јуни, со посредство на Пакистан и Катар, постигнале договор во Исламабад, но неговото спроведување било запрено поради несогласувања околу Ормутскиот Теснец.

Според истиот извор, САД во август повторно ги продолжиле нападите врз Иран, а Техеран возвратил со напади врз американски воени објекти во неколку сојузнички арапски земји.

Поврзани содржини