СИДНИ СВИНИ ГИ ВОЗНЕМИРИ ДУХОВИТЕ Позираше целосно гола за спортска реклама, па вака им одговори на сите што ја нападнаа

Сидни Свини, се чини, одлучи на свој начин да им одговори на критичарите на нејзината нова реклама, па на Инстаграм сподели низа објави кои потсетуваат на познати личности кои во минатото позирале голи.   

324

Холивудската актерка Сидни Свини повторно се најде во центарот на вниманието на светската јавност, откако сними провокативна кампања за спортската платформа за предвидување „Novig“. Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ во рекламата за кампањата „Just Sports“ позира целосно гола, покривајќи ги интимните делови од телото исклучиво со спортски реквизити — од кошаркарска и топка за американски фудбал, па сè до хокеарска опрема.

Провокативниот потег предизвика вистинска лавина од реакции на социјалните мрежи. Додека едни ја пофалија нејзината смелост и изглед, други ја критикуваа дека претерала, отишла предалеку со промоција на платформа за кладење и дека непотребно го сексуализира спортот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Сидни Свини, се чини, одлучи на свој начин да им одговори на критичарите на нејзината нова реклама, па на Инстаграм сподели низа објави кои потсетуваат на познати личности кои во минатото позирале голи.   

Свини објави фотографии од Серена Вилијамс, Ронда Раузи, Су Берд, Меган Рапино и Каролина Возњацки кои своевремено позираа разголени за списанија. Не ги изостави ниту мажите кои се соблекуваа во спортски кампањи. Меѓу примерите што ги сподели се најдоа Мајлс Гарет, Роб Гронковски, Карл-Ентони Таунс и Џејсон Келси.

Актерката засега не им одговори директно на следбениците кои по објавувањето на рекламата пишуваа дека се „згрозени“ и „разочарани“.

– Како поранешна спортистка и жена која лично доживеала сексуално експлицитни коментари, искрено сум згрозена и разочарана од оваа кампања. Со години се боревме да нè гледаат и почитуваат поради нашиот талент, сила и достигнувања, а не да нè сведуваат на нашите тела… – напиша една корисничка на Инстаграм под првата објава на Свини со рекламата.

Друга корисничка напиша:

– Штета што ваква реклама не можеше да сними облечена. Намерно е направена да биде контроверзна, исто како Брук Шилдс пред многу години. Тоа е она што продава, за жал.

Според зборовите на основачот и извршен директор на „Novig“, Џејкоб Фортински, токму Свини предложила во кампањата да позира гола, и тоа од прилично неочекувана причина.

Наводно, ѝ се допаднало тоа што „Novig“ е насочен исклучиво на спортски предвидувања, додека другите платформи им овозможуваат на корисниците обложување, односно предвидување на речиси сè.

Поврзани содржини