ТРАМП НА ЗАМИНУВАЊЕ ГИ ИЗНЕНАДИ УШТЕ ЕДНАШ ИРЦИТЕ Вети дека ќе ги укине царините на ирското виски

Вискито произведено во Ирска увезено во САС подлежи на царина од 10%. Вискито произведено во Северна Ирска или на друго место во Обединетото Кралство не подлежи на царински давачки.

188

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ги укине американските царини за ирското виски на крајот од дводневната посета на Ирска.

Толпата го поздрави со аплауз најавата на американскиот претседател на 18-тата дупка за време на церемонијата на доделување награди на Ирскиот Опен во голф-ресортот Дунбег во округот Клер. Во неделата, претседателот, облечен во бела капа со зборовите „САД“ на неа, му го врачи трофејот на Ирскиот Опен на победникот Шејн Лоури.






Тој изјави дека разговарал за царините за виски со ирскиот премиер Мајкл Мартин и голферот Лоури.

– Ме прашуваат дали ќе ми направите услуга? Неправедно е што се случува. Можете ли некако да ги отстраните царините за ирското виски и јас реков дека во име на Соединетите Американски Држави ќе ги отстранам царините за ирското виски – рече Трамп.

Вискито произведено во Ирска увезено во САС подлежи на царина од 10%. Вискито произведено во Северна Ирска или на друго место во Обединетото Кралство не подлежи на царински давачки.

Лоури се пошегува на прес-конференцијата по турнирот

– Ирските дестилерии треба наскоро да ми напишат чек, тоа би требало да им вреди нешто. Синоќа бев на голема вечера и таму разговаравме, но тој не ми кажа дека ги променил плановите поради мене – изјави  Лоури.

Ирското здружение за виски соопшти дека „од срце ја поздравува“ најавата на Трамп.

„Ќе продолжиме да работиме со нашите европски и американски колеги за да обезбедиме враќање на нула царински давачки за извоз на сите пијалаци“, се додава во реакцијата.

Хеликоптер од „Марин Уан“ ќе го транспортира Трамп од голф теренот до аеродромот Шенон од каде што ќе замине од Ирска.

Поврзани содржини