МИХАЕЛ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО УЧИЛИШНО СЕМЕЈСТВО Трогателно простување со ученикот што загина заедно со својот татко

Во овие тешки моменти, нашето училиште упатува најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои ги познаваа - се вели во објавата на училиштето.

282

Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Илинден – Миладиновци.

„Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот.






Во овие тешки моменти, нашето училиште упатува најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои ги познаваа.

Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство“ – се вели во објавата на СГГУ „Здравко Цветковски“.

Како што информираа од Обвинителство, несреќата се случи вчера околу 2 часот по полноќ, кога автомобил „опел корса“ со кумановски таблички, управувано од 19-годишен кумановец, се судрил директно со автомобил „хјундаи И30“ управуван од 51-годишен жител на Марино, таткото на Михаил.

ТАТКО И СИН ЗАГИНАА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Тројца млади се тешко повредени

 

Поврзани содржини