14-ГОДИШЕН УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО УЧИЛИШЕН ТОАЛЕТ Соученик му нанел расекотина на раката
14-годишен ученик бил нападнат со остар предмет од соученик во тоалет на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, при што му била нанесена расекотина на раката.
14-годишен ученик бил нападнат со остар предмет од соученик во тоалет на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, инцидентот се случил вчера околу 9 часот, кога двајцата ученици биле во училиштето. При нападот, 14-годишникот бил повреден во пределот на раката, каде му била нанесена расекотина.
Случајот во полиција го пријавила мајката на ученикот, 43-годишна скопјанка, која попладнето се обратила во СВР Скопје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.