🎥 ВАНДАЛ СО КАМЕЊА ГО ИСКРШИ СТАКЛОТО НА АВТОБУСКА ПОСТОЈКА ВО КАВАДАРЦИ Градоначалникот Јанчев објави дека е пронајден
Апелирам до сите граѓани да го чуваме заедничкиот имот и јавните површини, објави градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук.
Регистриран е случај на вандализам врз автобуска постојка на територијата на Општина Кавадарци, а вандалот е пронајден, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој објави видео од надзорна камера на кое се гледа како машко лице со камења го крши стаклото од постојката.
„Лицето кое го сторило делото е пронајдено, а се очекува надлежните институции да постапат согласно законските прописи. Упатуваме апел до сите граѓани да го чуваме заедничкиот имот и јавните површини. Општината е заедничка на сите нас, а секоја оштетена клупа, автобуска постојка или друг јавен објект е штета за целата заедница. Да ја чуваме нашата општина – затоа што таа е дом на сите нас“, објави Јанчев на Фејсбук.