НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И ЕУ Европските политичари се конфронтациски настроени и со зборови и со дела
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков европските политичари целосно го мобилизираат воениот потенцијал на Европа и го насочуваат против Москва, директно учествувајќи во воени операции против Русија.
Нема видливи основи за подобрување на односите меѓу Русија и Европската Унија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Не гледам никаква причина да се надевам на подобрување на нашите односи со Европа. Сегашните политичари, сегашната генерација политичари на власт се конфронтациски настроени, не само со зборови, туку и со дела – рече Песков.
Според него, европските политичари целосно го мобилизираат воениот потенцијал на Европа и го насочуваат против Москва, директно учествувајќи во воени операции против Русија.