ДЕТЕ ОД 9 ГОДИНИ ПРЕТЕПАНО НА ИГРАЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Mалолетници го нападнале, еден удирал со дрвен предмет
Детето се здобило со тешка телесна повреда при напад на игралиште во средно училиште. Лекарите во Клиничкиот центар во Тетово ја констатирале повредата.
Деветгодишно дете завршило со тешка телесна повреда откако група малолетници физички го нападнале на спортско игралиште во Тетово. Еден од напаѓачите употребил и дрвен предмет.
Нападот се случил на 12 октомври, околу 19 часот, на игралиште во рамките на средно училиште во градот.
Случајот бил пријавен во полицијата пет минути по полноќ, на 13 октомври, од 39-годишниот А.Н. од Тетово.
Според пријавата, неколку малолетници го нападнале деветгодишното дете, при што еден од нив употребил дрвен предмет.
Повреденото дете било пренесено во Клиничкиот центар во Тетово, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда.
МВР соопшти дека презема мерки за расчистување на нападот.