ПОПЛАДНЕВНО НЕВРЕМЕ СО ПОРОЈ, СИЛЕН ВЕТЕР И УСЛОВИ ЗА ГРАД Жегата продолжува и во следната недела
Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува ветер од југоисточен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 15 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес, Тетово и во Гевгелија, со температура до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 21 степен наутри, до 36 степени во текот на денот.
Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.
