MНР СО АПЕЛ ДО МАКЕДОНЦИТЕ НА ХАЛКИДИКИ Следете ги препораките на локалните власти

Министерството апелира до државјаните кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун.

257

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

„Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.






Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти“, соопшти Министерството.

Македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун сè уште нема официјална информација од грчките институции за бројот на евакуирани македонски државјани. Дел од нив телефонски побарале информации и добиле насоки како да постапуваат.

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ЈАВУВАЛЕ ВО КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН ПОРАДИ ПОЖАРОТ НА ХАЛКИДИКИ Засега не се знае колку наши државјани се евакуирани

 

Поврзани содржини