ШКЕНДИЈА НЕ ГО ПРОБИ ШКОТСКИОТ БЕДЕМ Тетовци со реми без голови се простија од Европа

Македонскиот шампион не успеа да ја надомести негативата против Хибернијан. По 0-0 во Скопје и поразот од 2-1 во Шкотска, заврши европската авантура на Шкендија.

0

Шкендија не најде пат до голот што ѝ беше неопходен за да остане во Европа. Тетовци вечерва одиграа 0-0 против Хибернијан на Националната арена „Тодор Проески“ и испаднаа во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

Шкотскиот тим во Скопје ја одбрани предноста од првиот натпревар. Хибернијан дома славеше со 2-1, резултат што на крајот му донесе пласман во плејофот.






Шкендија имаше неколку изгледни напади и успеа да го загрози гостинскиот гол. Сепак, тетовци не ја надоместија негативата од Шкотска.

Со елиминацијата на Шкендија завршија и настапите на македонските клубови во европските купови сезонава. Вардар и Силекс претходно беа елиминирани во раните квалификациски фази.

Поврзани содржини