ФИЛИПЧЕ СО МОТОР ОТИШОЛ КАЈ ЗАЕВ ВО ГРЦИЈА Манасиевски го обвини дека од јахта праќа насоки за ширење хистерија во Скопје
Од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор, вели Манасиевски.
Венко Филипче, лидерот на СДСМ, е виден како со мотор оди во Грција на одмор, а во Скопје преку активисти шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните, објави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор. Не му требаше многу на предавникот Филипче за да отиде кај неговиот другар по криминал и предавства, Заев, за заедно да ужуваат на скапата јахта и од морската шир во Грција да делат насоки за делување на неговите пајташи. Додека Филипче тера ќефови, ужива по скапите јахти со Заев на Егејот, во Македонија го остави најдолниот слој од талогот на СДС со јасни насоки да шири хистерија, паника и страв кај граѓаните и тоа за водата за пиење“, се наведува во реакцијата на Манасиевски.
Тој додава дека водата во Скопје е безбедна и очекува тие кои намерно ширеле дезинформации и паника меѓу населението, да бидат повикани од МВР и од Јавното обвинителство.
„Толку од ‘грижата’ на Филипче за граѓаните. Кога Заев ќе го повика, за него целиот свет застанува“, додава Манасиевски.