ГО ПРОНАШОЛ СВОЈОТ ТАТКО МРТОВ СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ВО ГРАДИ Полицијата истражува трагедија кај Беровци

Синот го пронашол 68-годишниот С.В. во нива во атарот на Беровци, а во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура.

175

68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото.






Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт.

Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со испалена чаура во цевката.

На местото бил извршен увид од надлежните екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините и околностите за смртта.

Полицијата и надлежните институции го расчистуваат случајот.

Поврзани содржини