БРЕД ПИТ ЌЕ ГО УЧИ НЕЈМАР КАКО ПОДОБРО ДА „ГЛУМИ“ НА ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН Холивудскиот актер има необична идеја за курс по симулирање прекршоци

Добитникот на „Оскар“ се пошегува дека ќе отвори цела „мастер-класа“ за фудбалери кои симулираат и претеруваат при падовите на терен, а прв ученик би му бил бразилскатата ѕвезда Нејмар.

1

Бред Пит има интересна идеја за својата следна „кариера“ – да држи часови по глума за фудбалери, а како прв ученик го избра Нејмар. Холивудскиот актер се пошегува на сметка на симулирањето прекршоци во фудбалот во интервју за магазинот „Esquire Brazil“.

– Ќе започнам курс за да ги научам на симулација, бидејќи овие момци се ужасни – се пошегувал Пит, па дури и станал за да му покаже на новинарот како изгледа претераниот пад. Потоа додал дека знае оти симулирањето е дел од играта, но смета дека на фудбалерите им е потребна помош за тоа да го прават поубедливо.






Потоа актерот директно го споменал Нејмар, за кого имал посебна „програма за обука“.

– Ќе почнам со Нејмар, бидејќи, колку и да е балетски грациозен на теренот, човече, му треба помош – рекол Пит. Тој се пошегувал дека би му покажал како подобро да ја „продаде сцената“, како да биде посуптилен и како да не претерува за падот да изгледа реално.

– Имам подготвено цела програма – додал актерот.

Необичната понуда на Бред Пит доаѓа откако 62-годишниот актер посведочил на „ужасната глума“ на Светското првенство во фудбал коешто се одржа во Северна Америка.

Инаку, шегата на Пит се совпаѓа со интересен момент од кариерата на 34-годишниот Нејмар. Бразилската фудбалска ѕвезда неодамна се врати во репрезентацијата за Светското првенство во 2026 година, по речиси три години пауза. На турнирот влезе како резерва во натпреварот против Шкотска, а потоа го постигна единствениот гол за Бразил во поразот од Норвешка во осминафиналето.

По елиминацијата, Нејмар навести дека неговото време во бразилската репрезентација е завршено, велејќи дека „сега е крај“. И неговата клупска иднина е неизвесна, бидејќи договорот со Сантос му истекува во декември. Така, шегата на Пит за фудбалската кариера на Нејмар доаѓа во период кога вниманието повторно е силно насочено кон иднината на еден од најталентираните бразилски фудбалери на својата генерација.

 

Поврзани содржини