КРИВИЧНА ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ УДРИ УАПСЕН ВРЗАН СО ЛИСИЦИ Осомничен е за Малтретирање во вршење на службата
Полицаецот А.Т. постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицаецот кој во мај удри уапсен човек кој бил врзан со лисици доби кривична пријава за делото Малтретирање во вршење на службата.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на службата, по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.5.2026 околу 2:53 часот во Градскиот парк во Скопје, при вршење на службени дејствија кон лице лишено од слобода, на кое рацете му биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот. Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работната дисциплина.