ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СУДИР НА ДВЕ ВОЗИЛА Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар-Кичево
Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје, кој загина на лице место, соопшти полицијата.
Едно лице загина во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден, соопшти полицијата.
Според полицискиот портпарол Фатмир Реџепи, околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа.
– Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје. Доктор од Итната медицинска помош на самото место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. – изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Гостивар.
На местото на несреќата врши увид врши Јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во содејство со екипа од ОВР Гостивар.