МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ, СО КРАТОК ДОЖД Топлотниот бран продолжува и во следните денови
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија и во Велес, каде се очекува висока дневна температура до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени наутро, до 38 во текот на денот.
Топлотнниот бран ќе продолжи во следните денови, со температура до 40 степени Целзиусови.
Ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.
