ГОРАТ НИСКА ВЕГЕТАЦИЈА И СТРНИШТА Изгаснати 12 пожари, четири и натаму активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот биле регистрирани 18 пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, два се под контрола, а 12 се целосно изгаснати.

28

Пожарите не стивнуваат: Четири огнени фронтови сè уште активни, ЦУК регистрираше 18 пожари низ Македонија

И покрај напорите на пожарникарите и надлежните служби, четири пожари на отворен простор и натаму се активни низ државата. Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18 часот денеска биле регистрирани вкупно 18 пожари, од кои четири се активни, два се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати.






Најсериозна е состојбата во Општина Новаци, каде во атарот на селото Гнеотино, на месноста Ергела, гори ниска вегетација. Активен пожар има и во Општина Долнени, меѓу селата Ропотово и Бело Поле, каде пламените јазици зафатиле стрништа.

Пожарникарите интервенираат и во струмичко, на излезот од селото Сачево кон Муртино, каде гори стрниште и ниска вегетација, како и во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Слатина кај месноста Слатински Мост, каде огнот зафатил ниска вегетација и грмушки.

Во меѓувреме, под контрола се ставени пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во Општина Македонски Брод, каде гореле ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Добрата вест е што во текот на денот се изгаснати 12 пожари. Интервенциите биле успешни во Петровец, Карпош, Бутел, Гостивар, Тетово, Василево, Кичево, Могила и Прилеп, каде огнот зафатил ниска вегетација, стрништа, грмушки, депонии и отпад.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат максимално внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на високи температури и суво време, кога ризикот од брзо ширење на пожарите е значително зголемен.

Поврзани содржини