ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е СТРАТЕШКО ПРАШАЊЕ ШТО НАДМИНУВА МАНДАТ НА ЕДНА ВЛАДА Иницијативата 12:05 бара државен план за евроинтеграцијата на Македонија

За уштинските внатрешни реформи недостасува политичка волја, а борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем и на изборното законодавство не треба да се одложуваат, порачуваат од Иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2026 година.

0

Организаторите на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ оценуваат дека европската иднина на Македонија не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки и партиски монопол. Во реакцијата на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во 2026 година, тие посочуваат дека полноправното членство во ЕУ е стратешко државно прашање кое ги надминува мандатите на владите, додавајќи дека ниту една политичка партија нема ексклузивно право на евроинтеграциите или на патриотизмот.

Од иницијативата изразуваат загриженост за забелешките на Европската комисија во врска со високата политичка корупција, измените на Кривичниот законик од 2023 година, слободата на медиумите и економските состојби, особено драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството. Според нив, политичките актери не можат да се претставуваат како борци против корупцијата и за слободата на медиумите доколку самите придонесуваат за проблемите. Во реакцијата се наведува дека од 100 денари собран ДДВ, во законски предвидениот рок кон стопанството се враќаат само 14,3 денари.






Иницијативата го поздравува високиот степен на поддршка на граѓаните за членството во ЕУ, како и позитивните резултати на Македонија во Планот за раст за Западен Балкан, спроведувањето на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. Сепак, оценуваат дека за суштинските внатрешни реформи недостасува политичка волја и дека борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем и изборното законодавство не треба да се одложуваат до полноправното членство во ЕУ.

Организаторите бараат итен и национално усогласен државен план за повторно приклучување на Македонија во групата земји со Албанија и Црна Гора, постигнување политички и мултиетнички консензус за неопходните уставни измени, воведување една изборна единица и отворени листи, како и законски измени со кои ќе се спречи застарување на кривичното гонење за политичка корупција. Меѓу барањата е и испитување на потеклото на движниот и недвижниот имот на сегашните и поранешните избрани и именувани лица и нивните потесни семејства.

„За промени внатре не треба да чекаме“, порачуваат од иницијативата.

Поврзани содржини