ЈА ИЗБРКАЛ СОПРУГАТА И ТРИТЕ ДЕЦА ОД ДОМОТ Тетовец уапсен по пријава за семејно насилство
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по документирањето на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Триесет и шестгодишен маж од тетовско е лишен од слобода откако, според пријава во полицијата, ја избркал својата сопруга и нивните три малолетни деца од семејниот дом, а потоа физички ја нападнал.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот бил пријавен од 26-годишната сопруга, која навела дека околу 21 часот мажот ги избркал од домот, по што ја нападнал.
Полициски службеници од СВР Тетово го привеле осомничениот во 23:45 часот во Тетово, по што тој бил задржан во полициска станица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.