ГО ПРЕТЕПАЛ СИНОТ И ГО ТУРНАЛ ПО СКАЛИ Момче со тешки повреди заврши во болница, таткото приведен
Според МВР, 51-годишниот маж го нападнал својот 19-годишен син на терасата од семејниот дом и го турнал по скали, при што момчето се здобило со тешки телесни повреди.
Педесет и едногодишен жител на струмичко село е лишен од слобода откако, според пријава во полицијата, физички го нападнал својот 19-годишен син и го турнал по скали, при што момчето се здобило со тешки телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека осомничениот бил приведен на 6 август околу 16:40 часот, по постапување по пријава за семејно насилство.
Според информациите, инцидентот се случил на 1 август на терасата од семејниот дом, кога таткото физички го нападнал својот син, а потоа го турнал по скалите. Повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.