САД ВОВЕДОА САНКЦИИ ПРОТИВ КУБАНСКИ ОФИЦЕРИ И КОМПАНИИ Вашингтон обвини дека шпиунираат и набавуваат оружје

Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон 5 правни и 8 физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“.

42

САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, ѝ помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон 5 правни и 8 физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“.






Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската влада дека шпионира против САД, а Куба дека служи како „отскочна штица за Русија, Кина и за Иран“ за операции насочени против Вашингтон.

„Како што рече претседателот Доналд Трамп, САД нема да толерираат непријателска држава која на нивниот праг овозможува воени, разузнавачки и терористички операции“, напиша Рубио на мрежата Икс.

Меѓу санкционираните се министерот во кубанското Министерство за револуционерни вооружени сили, Алваро Лопес Мијера, началникот на Генералштабот на армијата, Роберто Легра Сотолонго, како и воените аташеа на Куба во Русија и Кина.

Рубио предупреди дека санкции може да им бидат воведени и на сите кои ги поддржуваат санкционираните лица и субјекти или им обезбедуваат услуги. Тој ги повика странските банки и компании што соработуваат со нив или чуваат средства за нив веднаш да ги прекинат таквите активности.

Односите меѓу САД и Куба се затегнати уште од Кубанската револуција во 1959 година. Вашингтон воведе трговско ембарго кон социјалистичкиот остров пред повеќе од 6 децении, кое и натаму е во сила.

По враќањето на функцијата, Трамп го засили притисокот врз Хавана со дополнителни санкции, а во повеќе наврати ја спомена и можноста за американско „преземање“ на економски проблематичната карипска држава.

 

Поврзани содржини